Циркусот продолжува: Кирјос го „пецна“ Ѓоковиќ! (ФОТО)


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Не поминаа ниту пет минути од крајот на мечот меѓу Новак Ѓоковиќ и Роберто Баутиста Агут, а контроверзниот австралиски тенисер Ник Кирјос веднаш објави твит насочен против првиот тенисер во светот.

Ѓоковиќ беше поразен од Агут, откако водеше со 1-0 во сетови, а Кирјос, познат по честите провокации кон своите колеги, не пропушти шанса да реагира.

„Нешто не е во ред со него, сигурно…“, пишуваше во пораката на неговиот Твитер профил.

Кирјос во истиот ден го заврши натпреварувањето во Мајами, откако беше поразен од Борна Чориќ.

Ѓоковиќ најверојатно нема да подлегне на провокациите од страна на неговиот колега, па не се очекува никаков коментар од српскиот тенисер.