Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Грчкиот тенисер Стефанос Циципас има големи амбиции за 2024 година, односно да освои гренслем-титула и да има добар настап на Олимписките игри (ОИ) во Париз.
Циципас кажа дека негов сон е и да настапи со братот Петрос на ОИ кои ќе се играат на лето.
„Моја цел за 2024 година е да освојам гренслем-титула и медал на Олимписките игри. Исто така, мој сон е со брат ми Петрос да играм во Париз“, кажа Циципас.
Гркот во моментов е на 10. место на АТП-листата.