Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 20.45 часот ќе се соочи против Ерменија во Скопје и се надева на првата победа по пауза од 11 месеци.
Македонија разочара на стартот на Лигата на нации и одигра нерешено (1-1) против Фарски Острови, а денеска ќе се обиде повторно да го совлада „стариот пациент“.
Токму Ерменија беше последна „жртва“ на Македонија во октомври 2023 година, по што следеше црната серија на репрезентативците.
Македонските фудбалери не знаат за победа на седум меча по ред, па вечерва немаат друга опција освен славје против Ерменија.