Црните прогнози се овистинија: Познато колку ќе паузира Хари Кејн


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Капитенот на Тотенхем, Хари Кејн веројатно нема да игра до крајот на сезоната поради повредата заработена на натпреварот со Манчестер Сити.

Ова го потврди и менаџерот на Тотенхем кој истакна дека за својот играч претстои долг период за заздравување.

„Тоа е многу тажно и му претстои долго опоравување. До крајот на сезоната останаа уште пет недели и нема шанси да заздрави до тогаш. Следната недела ќе оди кај специјалист кога и дефинитивно ќе знаеме колку ќе му треба за целосно опоравување“ –истакна Покетино.

Хари Кејн оваа сезона постигна вкупно 24 погодоци во дресот на Тотенхем.