Црногорец доби суспензија откако гризна ривал во стилот на Суарез (Видео)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Црногорскиот фудбалер Милутин Осмајиќ доби суспензија откако гризна противник на мечот меѓу Престон и Блекбурн.

Осмајиќ во стилот на Луис Суарез направи голем скандал, по што дисциплинската комисија го разгледа инцидентот и му изрече суспензија.

Фудбалерот ќе мора да паузира на осум натпревари, а притоа ќе плати и парична казна од 15.000 фунти.