Црвена звезда има огромен мотив да го исфрли Лудогорец


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Некогашниот шампион на Европа Црвена Звезда се наоѓа блиску до пласман во плеј-офот од Лигата на шампионите, што за нив ќе биде најголем европски успех во последната деценија.

Белградскиот клуб во наредната недела ќе го игра реванш мечот против бугарски Лудогорец каде што пред преполните трибини на Маракана ќе бара пласман понатака.

Првиот меч во Бугарија заврши со резултат 2:2, па јасно е дека Звезда има реални шанси да стигне до голем успех.

Тоа што е за Црвена Звезда можеби и најважно во оваа приказна е заработката која ќе ја добие со пласманот во плеј-офот.

Доколку го исфрлат Лудогорец, Звезда ќе обезбеди настап во групната фаза од Европската лига, а вкупна заработка од најмалку 5.4 милиони евра, што е исклучителен износ за клуб кој долго се наоѓа во многу турбулентна ситуација.

Во случај на елиминација во 3 претколо од ЛШ, Звезда ќе го продолжи својот пат во плеј-офот од Европската лига, а доколку успеат да изборат пласман во групната фаза ќе заработат 3.3 милиони евра.

Црвена Звезда може да стигне и до групната фаза од ЛШ, која сеуште изгледа далеку, но тој резултат би бил посебен за црвено-белите бидејќи ќе им донесе заработка од минимално 14 милиони евра.

Кога ќе се додаде бонусот од ТВ права, како и паричната награда за секој освоен бод, ќе се дојде и до многу поголема сума…

Во секој случај, Црвена Звезда има милиони причини во вторник пред своите навивачи да го потврди добриот резултат од Разград и да се пласира во плеј-офот. Мотивот навистина не може да биде поголем.