Тудор ја почна авантурата во Јувентус со триумф против Џенова (Видео)


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Фудбалерите на Јувентус забележаа тесна победа со резултат 1-0 против тимот на Џенова во натпреварот од 30. коло од италијанската Серија А. Овој меч имаше посебна важност бидејќи беше прв официјален дуел за новиот тренер на „бјанконерите“, хрватскиот стратег Игор Тудор.

Турскиот талентиран играч Кенан Јилдиз го постигна единствениот гол кој ги донесе трите бода за “Старата дама” со прецизен удар.

Со оваа победа, Јувентус успеа да го задржи чекор со Болоња во трката за висок пласман, при што заостанува со само еден бод зад четвртата позиција, по 30 одиграни натпревари.

.