Тухел: Англија не е фаворит за освојување на Светското првенство


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Томас Тухел, изјави денес дека неговата екипа не е фаворит за освојување на Светското првенство кое утре започнува во САД, Канада и Мексико.

Според прогнози, Англија е трет фаворит за освојување на титулата, по Шпанија и Франција, но нема освоено трофеј од 1966 година.

Тухел изјави дека недостатокот на трофеи на претходните големи натпреварувања значи дека Англија заостанува во хиерархијата зад другите репрезентации.

Не можеме да бидеме еден од фаворитите бидејќи толку долго немаме освоено трофеј. Постојат докажани победници на турнирите, тие се фаворити. Можеме да се натпреваруваме за трофеј и да сонуваме големи соништа. Знаеме што е потребно. Нашата одговорност е во напорот, таму е фокусот, ние се гледаме како натпреварувачи и предизвикувачи. Сакаме да одиме до крај. Не мислам дека сме големи фаворити, но сакаме да освоиме“, изјави Тухел, пренесува Скај.