Тухел: Челси има одличен став, фудбалерите се одлични и гладни за трофеи!


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Тренерот на Челси, Томас Тухел кажа дека го загрижиле повредите на неговите фудбалери Н’Голо Канте и Бен Чилвел во победата против Јувентус од 4-0.

Челси синоќа го декласираше Јувентус со 4-0 и се пласираше во нокаут-фазата, но проблеми имаа Канте кој го напушти мечот на полувреме, додека Чилвел мораше да добие медицинска помош во вторите 45 минути.

Следниот натпревар за „сините“ е против Манчестер јунајтед и засега не е јасно дали ќе играат двајцата фудбалери, но Тухел кажа дека е задоволен што неговиот 50. меч со Челси завршил со победа.

„Екипата има фантастичен став, фудбалерите се одлични и гладни за трофеи. Сакаме да ја зачуваме оваа енергија и атмосфера во групата. Сега е важно сите да уживаат во слободниот ден, а во четврток се враќаме и ќе се подготвуваме за следниот меч“, кажа Тухел.