Тухел даде коментар за „грабежот“: И да играме уште 100 пати против нив…


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Челси вчера ги разочара домашните навивачи откако на свој терен одигра 1-1 против Барнли. Гигантот водеше со 1-0 и делуваше дека ќе го добие мечот, но гостите извлекоа бод.

Тренерот Томас Тухел кажа какво мислење има за натпреварот во кој загуби два бода.

„Игравме добро, но во фудбалот има и такви ‘грабежи’. Тие екипи можат да ви украдат бодови во натпревари во кои доминирате. Задоволен сум со играта, но незадоволен со резултатот, зашто требаше да победиме. И да играме уште 100 пати против истиот противник, сигурен сум дека ќе победиме 99 пати“, вели Германецот.