„Тухел е одличен тренер, треба да му дадеме шанса!“


Анде Јанков - автор на крими романи: Блискоста на реалноста и фикцијата! ↓↓↓


Капитенот на Англија, Хари Кејн му даде поддршка на новиот селектор Томас Тухел, откако англиската јавност покажа незадоволство.

Англичаните не се среќни поради тоа што Германец го презема кормилото на националниот тим.

„Тухел е одличен тренер, соработувавме во Баерн Минхен и се радувам што повторно ќе работиме заедно. Тој е позитивен стратег, но во исто време строг и посветен на спортот“, кажа Кејн.

Германецот ќе го преземе кормилото на 1 јануари 2025 година.