Тухел има голема желба: Челси ќе го купи Салах?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Челси, Томас Тухел го препороди тимот и ќе игра во финалето од Лигата на шампиони против Манчестер сити, како и финале во ФА-купот против Лестер.

Без разлика како ќе заврши оваа сезона, Челси има големи амбиции за следната сезона во која ќе ги нападне сите трофеи, а главна цел ќе биде освојување на Премиерлигата.

За освојување на такво силно натпреварување се потребни и големи засилувања, а газдата Роман Абрамович сака да му ги исполни желбите на Тухел.

Една од желбите е Мохамед Салах, одличниот напаѓач кој блеска во дресот на Ливерпул во претходните сезони, па сега би можел по вторпат во кариерата да заигра за Челси.

Салах играше на позајмица во Фиорентина и Рома, а потоа се пресели во Ливерпул, каде што одигра 198 меча и постигна 123 гола.