Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Предводникот на европскиот шампион Челси, Томас Тухел даде коментар за шпекулациите дека би можел да го презема Манчестер јунајтед.
Англиските медиумите пишуваа дека Германецот ќе се пресели во Манчестер, но Тухел демантираше дека планира такво нешто.
„Посвтен сум максимално на Челси. Сакам да работам во овој тим, кој има доволно за да ме направи среќен“, кажа Тухел.
Германскиот стратег пристигна во Челси од ПСЖ, а потоа со премиерлигашот ги освои Лигата на шампиони (ЛШ) и европскиот Суперкуп.
Од друга страна, „црвените ѓаволи“ играат катастрофално и оваа сезона, па во моментов се во борба за топ-4, а следната сезона Ралф Рангник треба да го замени друг стратег. Во конкуренција за „жешкото“ столче се и Тен Хаг и Покетино.