Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Челси по пенали го победи Виљареал и го освои европскиот Суперкуп како свој прв трофеј во новата сезона, откако минатата сезона ја освои Лигата на шампиони.
Тренерот Томас Тухел пред пеналите го замени Едуард Менди со Кепа Аризабалага, кој стана вистински херој на „сините“.
По натпреварот Тухел објасни дека тоа го планирал во завршницата и кажа зошто го направил.
„Секако дека не го променив случајно голманот. Разговаравме за тоа со голманите уште кога дојдовме во тимот. Бевме добро подготвени. Знаеме дека Кепа е најдобар кога станува збор за пенали. Аналитичарите ми ги покажаа бројките и потоа разговаравме. Одличен е начинот на кој Менди ја прифати нашата одлука“, вели Тухел.