Тухел по триумфот против Дортмунд: Знам како му е на Нагелсман


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Баерн Минхен славеше во дербито против Борусија Дортмунд со 4-2 и така се врати на првото место во Бундеслигата, а повторно главна тема по натпреварот беше Јулијан Нагелсман.

Нагелсман доби неочекуван пораз од Баерн Минхен, а Тухел го замени и тргна на одличен начин кон одбрана на титулата.

„Знам како му е на Нагелсман. Јас бев во слични ситуации во претходните тимови. Не зависеше ништо од мене, но тоа е нашиот живот. Наша цел е на крајот на сезоната да оствариме успех. Во мечот против Дортмунд направивме многу грешки. Сè уште не сме во вистински ритам и мора да најдеме баланс. Мора да разбереме кога треба да се браниме, а кога да напаѓаме“, кажа Тухел.