Тухел полуде по мечот во Мадрид, главна мета му беше судија од Србија


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Челси славеше со 3-2 во Мадрид, но тоа не беше доволно да се пласираат во полуфиналето, каде што на крајот заврши Реал кој беше подобар во првиот меѓусебен меч со 3-1.

По натпреварот тренерот на Челси, Томас Тухел не штедеше зборови кон четвртиот судија на натпреварот, Срѓан Јовановиќ од Србија.

„По крајот на мечот, четвртиот судија од Србија се забавуваше и смееше со противничкиот тренер. Кога тргнав да честитам, видов дека слави. Тоа се случи по последниот судиски свиреж, таква ситуација е лоша порака за сите“, вели Тухел.

Германецот кажа дека е горд на своите фудбалери кои го дадоа максимумот на теренот и во еден момент водеа со 3-0, но неколку грешки беа казнети и затоа се збогуваа од натпреварувањето.