Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Челси денеска ќе го пречека Манчестер јунајтед во дерби на колото во Премиерлигата, а во центар на внимание е ѕвездата на „црвените ѓаволи“, Бруно Фернандеш.
Португалецот е најдобар играч на Јунајтед и сезонава постигна 22 голови и 13 асистенции, а така стана еден од најдобрите фудбалери во лигата.
Тренерот на Челси, Томас Тухел кажа дека сакал да го земе Фернандеш во ПСЖ, но не му се исполнила желбата.
„Се боревме со сите сили да го доведеме во ПСЖ. Го следевме на неколку натпревари, тогашниот директор Ентеро Енрике го познаваше и вложи многу труд да го доведе. Стапивме во контакт со неговиот агент, но лично не сум зборувал со него. На крајот тој одлучи да оди во Манчестер Јунајтед. За нас е лош што денес ќе ни биде противник“, кажа Тухел.