Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Фудбалерите на Челси не се задоволни поради последниот потег на тренерот Томас Тухел, кој не беше среќен со ремито против Вулверхемптон (2-2).
Тухел не им дал слободен ден на своите фудбалери, туку ги натерал во неделата да тренираат, и тоа со посилен интензитет, а тоа ги вознемири фудбалерите.
Челси дозволи да прими два гола во последните 15 минути од натпреварот, а тоа ептен го налути Тухел, кој реши да им одржи лекција на своите фудбалери.
„Сините“ мора да го потврдат пласманот во Лигата на шампиони (ЛШ), додека до крајот на сезоната ги чека финале и во ФА-купот против Ливерпул, па затоа Тухел не сака да се опуштат.