Тунис понижен пред очите на Кедира во Монтереј (Видео)


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Фудбалската репрезентација на Јапонија крупни чекори гази кон пласман во следната рунда на Светското првенство, откако утрово славеше со убедлива игра против Тунис во Монтереј со резултат од 4:0.

Возбудливото реми против фаворитот во групата Ф, Холандија, навести дека „самураите“ би можеле да ги совладаат немоќните Тунижани, кои веќе со „петарда“ против Шведска почнаа да ги пакуваат куферите.

Иако сè време изгледаше дека Јапонците играат со „половина сила“, четирите гола во мрежата на Тунис се докаж дека и без многу напор го скршија отпорот на Африканците.

Херој на триумфот беше двојниот стрелец Ајасе Уеда, кој покрај головите успеа и да забележи асистенција, најавувајќи форма која ќе биде добра за Јапонците во дербито против Шведска.

.