Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Поранешниот италијански шампион Јувентус ангажира засилувања за следната сезона во која ќе се обиде да се врати на тронот на Серија А.
„Старата дама“ вчера го купи Кефрен Турам од Ница за 20 милиони евра плус 600.000 евра за бонуси.
Турам е пресреќен што ќе игра за Јувентус, а тоа го потврди во изјавата за клупскиот сајт по потписот на договор.
„Уште како дете сонував за Јувентус, па затоа сум емотивен и среќен. Се сеќавам кога татко ми играше на стадионот Деле Алпи, се сеќавам и на Златан Ибрахимовиќ. Татко ми зборуваше дека Јувентус е најголем клуб во Италија“, кажа Турам.