ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Фудбалскиот клуб Брегалница од Штип, кој се натпреварува во Втората лига, денеска официјално доби нов мнозински сопственик. Новиот инвестиор е турскиот бизнисмен Мурат Шамил Шен, кој во својата кариера бил кошаркарски репрезентативец. Претходно беше сопственик на турскиот клуб Генчлербирлиги, но си замина оттаму по судски процес.
Шен го купи контролниот пакет акции од претходниот сопственик Кирил Гогов, зголемувајќи го својот удел на 52% од сопственоста на клубот за 150.000 евра. На денешната прес-конференција, градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, го претстави новиот акционер, нагласувајќи дека Општината ќе ја задржи својата сегашна сопственост од 48 проценти.
Шен, како нов мнозински акционер, најави сериозна финансиска поддршка и амбициозна цел за клубот – враќање на Брегалница во Првата лига.
Фото: Фудбалски клуб Брегалница / Football Club Bregalnica