Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Младата турска скијачка го спаси животот на 12-годишното дете во словенечки ски-центар. Во соопштението на скијачкиот сојуз на Турција пишува дека Сила Кара спасила момче за време на тренингот.
Момчето, кое седело покрај неа на ски жичарата загубило рамнотежа, а младата турска скијачка успеала да го фати во последен момент, за да спречи негов пад. Кара потоа го држела момчето 15 минути додека висело во воздух, а потоа го спасиле припадниците на скијачката патрола.
„Ги фрлив скијачките стапови и ги соблеков ракавиците. Кога ги соблеков, тој плачеше и викаше: Те молам, држи ме со двете раце. Го држев околу 15 минути“, открива скијачката и додаде дека на лице место пристигнала скијачка патрола, по што таа го пуштила детето да падне на безбедносна мрежа.