Турски гигант ќе се бори за потписот на Алиоски


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Трабзонспор ја освои титулата во Турција и сака да го ангажира македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски за предизвиците кои ги очекуваат во следната сезона.

Алиоски беше на листата со желби на тимот и кога заминуваше од Лидс, но тогаш македонскиот фудбалер реши да се пресели во Саудиска Арабија.

Македонскиот репрезентативец играше одлично и во С. Арабија, каде што постигна шест голови и осум асистенции, па така постгна рекорд бидејќи бил директно вклучен во постигнување на 14 голови.

Алиоски, сепак, има договор со Ал-Ахли и Трабзонспор ќе има тешка задача да го убеди тимот да им го продаде талентираниот фудбалер.