Турски гигант понудил два милиони евра за Миовски


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски е еден од најдобрите фудбалери во шкотското првенство и поради тоа привлече голем интерес од странство.

Голем број тимови сакаат да го купат Миовски, а вчера се појави информација дека за неговите услуги е заинтересиран премиерлигашот Саутемптон.

Сепак, Саутемптон не бил единствен тим кој е заинтересиран за услугите на Миовски бидејќи еден турски гигант веќе понудил два милиони евра за услугите на македонскиот напаѓач.

Бешикташ испратил понуда до шкотскиот тим, кој без размислување ја одбил понудата.