Турски милијардер го купува Челси од Абрамович!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Турскиот бизнисмен Мухсин Бајрак објави дека е блиску до договор со Роман Абрамович за да го купи Челси. Тој е претседателот на Холдинг Груп компанија која инвестира во подрачје на енергетиката, градежништвото и туризмот.

Компанијата на Бајрак има многу бизнис договори во Лондон, но и Италија, Грција и Шпанија, но и во Турција.

„Преговараме со адвокатите на господинот Роман Абрамович. Веќе сме во фаза во која останува само потпис на договор. Многу брзо ќе го поставиме турското знаме во Лондон. Овој договор ќе биде важен за Турција. Нашите адвокати се во контакт со Абрамович од првиот ден, кога стана јасно дека клубот е на продажба“, вели бизнисменот од Турција.