Турскиот шампион го пензионираше дресот со број 12 во чест на – Ердоган! (ФОТО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Башакшехир синоќа на својот стадион ја прослави првата титула во Турција. Клубот од Истанбул сезонава успеа да ја заврши на првото место во Суперлигата и така за првпат да го грабне торфејот.

Башакшехир е клуб кој има голема поддршка од претседателот на Турција, Речеп Таип Ердоган, кој вложува многу пари.

Пред шест години Башакшехир заигра на новиот стадион „Фатих Терим“, а тогаш играше и Ердоган, кој го носеше дресот со број 12, кој клубот сега реши да го повлече во негова чест.