Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Тутомеркато“ пишува дека Масимилијано Алегри би можел да се врати во Милан, откако извршниот директор на „росонерите“, Иван Газидис разговарал со италијанскиот стратег.
Алегри му го донесе последното Скудето на Милан, па навивачите не би имале ништо против тој повторно да се врати на „Сан Сиро“, иако тренерот има неколку понуди и од Англија.
Освен тоа, Алегри се поврзуваше со Баерн Минхен и Тотенхем, но таму речиси сигурно нема да се пресели бидејќи двата клуба сакаат да си ги задржат тренерите.
Од друга страна, медиумите пишуваат дека Џенаро Гатузо ќе добие отказ без разлика дали ќе обезбеди пласман во Лигата на шампиони, а токму Алегри ќе биде неговата замена во идната сезона, кадешто ќе бидат поголеми амбициите на клубот од Милано.