„Тутоспорт“ објаснува зошто Јувентус сака да го продаде Дибала


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Реномираниот италијански весник, „Тутоспорт“ се обиде малку да ја разјасни ситуацијата околу Паоло Дибала кој би можел да заврши во Премиер лигата.

Јувентус и Манчестер Јунајтед се договорила за размена во која ќе бидат вклучени Дибала и Лукаку, меѓутоа Аргентинецот одби да се пресели на „Олд Трафорд, па зделката пропадна.

Вчера вечер се појави информација дека Тотенхем сака да го доведе Дибала во своите редови и испратил понуда од 70 милиони евра која Јувентус ја прифатил.

За овој трансфер да се реализира нема многу време преодниот рок во Англија се затвара утре во 18:00 часот. Јувентус и Тотенхем се договорени, меѓутоа се чека одлуката на Дибала и засега не е јасно дали ќе одлучи да се пресели во Лондон.

„Тутоспорт“ сега објаснува зошто Јувентус го продава Дибала.

Продажбата на Дибала на Јувентус би му донела голема финансиска добивка со која би се балансирал буџетот. Клубот е свесен за талентот и потенцијалнот кој го поседува Дибала меѓутоа сметаат и дека таква жртва е прифатлива. Освен тоа веруваат дека неговото заминување нема да влијае многу на тимот.

Кога во прашање е следната дестинација на Дибала „Тутоспорт“ пишува дека се е можно. Ако не ја прифати понудата од Тотенхем, како опции остануваат Пари Сен Жермен и Интер.