Уапсен Мишел Платини!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини е уапсен утрово поради обвинение за корупција.

Тој е обвинет дека учествувал во илегални работи кога се бирал домаќин на Светското првенство за 2022. година. На изненадување на сите домаќинството го доби Катар, а сега е јасно дека корупцијата си го направила своето.

Француските медиуми потврдија дека Платини утрово е уапсен и приведен на испитување по повод истрагата околу доделувањето на домаќинството на Катар за Мундијалот кој се игра за три години.

Платини е обвинет дека е еден од клучните луѓе во сето тоа и еден од најзаслужните што Катар ка крајот доби организација за Светско првенство.

Оваа одлука беше соопштена во декември 2010. година и предизвика големи контроверзии во јавноста.