Турскиот фудбал повторно е во центарот на вниманието. Претседателот на Централниот судиски комитет (MHK) при Фудбалската федерација на Турција (TFF), Ферхат Гундогду, денеска е уапсен заедно со уште шест лица – вкупно седум приведени, јавува SportSport.
Операцијата е спроведена истовремено во Истанбул, Анкара, Елазиг и Маниса. Според турските медиуми и министерот за правда Акин Гурлек, истрагата се однесува на сомневања за влијание врз делегирањето, рангирањето и оценувањето на судиите, како и врз промената на веќе делегирани судии и контролори. Во фокусот се и тврдењата за мобинг и фалсификување службени документи, пишува Türkiye Today.
Меѓу другите приведени, според SportSport и Türkiye Today, се претседателот на здружението на активни судии Ферди Карадорук, поранешниот потпретседател на МХК Ахмет Шахин и поранешниот член на комитетот Јунус Јилдирим. Во листата на приведени се и Себахатин Шахин, Алиџан Саглар и Емре Косиф.
Случајот доаѓа околу една година по големиот скандал со обложување кај турските судии, кога 149 судии беа казнети, потсетува SportSport.
















