Уапсен светски шампион – удрил девојка со тупаница во глава!


Безбедни ли сме? Колку во Македонија се вложува во безбедност и заштита? ↓↓↓


Фред Керли, поранешен светски шампион и актуелен сопственик на бронзен медал од Олимпијадата на 100 метри, е уапсен во пресрет на атлетскиот митинг во Мајами.

Поради тоа го пропушти овој спортски настан, а причината е конфликт во службениот хотел на митингот. Според американските медиуми, Керли физички извршил напад на поранешна девојка.

Според зборовите на сведоци, Фред со тупаница во главата ја удирал Алајша Џонсон, американска олимпиецка, која се натпреварува на 100 метри со пречки.

„Керли беше уапсен синоќа. Во тек е истрага и сите прашања поврзани со неа мора да бидат испратени до шерифово канцеларија во Брауард Каунти. Фред нема да трча овој викенд и немаме понатамошни коментари“, објавија организаторите.