Уапсени двајца фудбалери на Легија, полицијата го нападнала претседателот (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Немили сцени беа забележани по мечот меѓу АЗ Алкмар и Легија (1-0) околу автобусот на гостите кои беа нападнати од полицијата која не им дозволуваше да влезат во возилото.

Двајца фудбалери на Легија, Жосуе и Радован Панков беа приведени, а беше нападнат и претседателот на тимот, Дариуш Миодуски.

Панков и Жосуе ја поминаа ноќта во притвор, а веднаш во драмата се вмешаа и конзулатите на Србија и Португалија, а пристигна реакција и од премиерот на Полска.

Припадниците на холандската полиција биле нервозни поради нередите кои ги предизвикале навивачите на Легија, но тоа не е оправдување за нивниот однос со гостите.