Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалските клубови во Италија од понеделник, 18 мај можат да почнат со групни тренинзи, а тоа го потврди и италијанскиот премиер Џузепе Конте.
Италија беше едно од најголемите жаришта на коронавирусот во светот, но сега влезе во втората фаза на олабавување на мерките воведени поради Ковид-19.
Конте потврди дека тимовите можат да се вратат на колективни тренинзи, како и сите останати тимски спортови, а најави дека од 25 мај ќе почнат со работа и теретаните, базените и спортските центри.
„Се прават големи притисоци на Серија А да продолжи, но потребно е да се почитуваат сите мерки на безбедност. За да може да дадеме точен датум, мора да имаме повеќе гаранции, а во разговор со министерот за спорт, Винченцо Спадафора дојдовме до заклучок дека уште ги немаме“, кажа конте.
Серија А во средата објави дека планираат натпреварувањето да продолжи на 13 јуни, но останува да видиме дали ќе се случи тоа.