Убедлива победа на Бостон, Минесота подобра од Голден Стејт (Видео)


Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Актуелните шампиони на НБА, Бостон Селтикс, со убедливи 115:93 ги поразија Њујорк Никс во Медисон Сквер Гарден и така ја остварија првата победа во оваа полуфинална серија од плејофот во Источната конференција на НБА лигата, намалувајќи го заостанувањето на 1:2.

Така продолжи трендот во Источната конференција, каде и по одиграните шест натпревари во вториот круг, домашната екипа сѐ уште нема забележано победа. По првите две победи на Никс, во кои успеаја да надокнадат заостаток од 20 поени, Селтикс не им дозволија да го направат истото и пред своите навивачи.

Гостите од почетокот на натпреварот систематски ја зголемуваа разликата, па на крајот од првата четвртина имаа +16 (36:20), на полувремето +25 (71:46), а пред крајот на третата четвртина и најголемиот +31 (96:65). Колку и да се трудеа, Никс до крајот на натпреварот не успеаја да се приближат на помалку од 20 поени заостаток.

Пејтон Причард со 23 поени беше најдобар стрелец во победничкиот тим. Џејсон Тејтум со 22 поени, девет скокови и седум асистенции ја пополни статистиката. Џејлен Браун постигна 19 поени, а Дерик Вајт 17.

Кошаркарите на Минесота Тимбервулвс поведоа 2:1 против Голден Стејт Вориорс во полуфиналето од плејофот на Западната конференција на НБА лигата откако во третиот натпревар во Сан Франциско славеа со 102:97.

Фото: Принтскрин