Убедлива победа на Реал Мадрид: ВАР му „украде“ хет-трик на Бензема (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид славеше на гостувањето кај Елче со 3-0, а одличен меч имаше Карим Бензема кој постиггна три гола, но два му беа поништени поради офсајд од ВАР-технологијата.

Бензема погоди за 1-0 во шеста минута, но ВАР не му дозволи да се израдува, по што Валверде погоди за водство на „кралевите“.

Алаба во продолжение погоди, но исто така ВАР му го поништи голот, додека Бензема зголеми на 2-0 во 75. минута.

ВАР му поништи гол на Бензема и во 61. минута поради истата причина, односно офсајд, додека за конечни 3-0 стрелаше Асенсио.

Реал има 28 бодови на прво место, односно шест повеќе од Барселона.