Убиен фудбалер во напад на клупски автобус: Познати се деталите


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Доминик Фримпонг (20), фудбалер на Беркем Челзи од Првата лига на Гана, е убиен за време на напад на клупскиот автобус.

До трагичниот исход дојде кога фудбалерите на Беркем Челзи се враќаа од натпреварот кој го одиграа во неделата на гости против Самартекс, информира Фудбалската федерација на Гана.

Напаѓачите пукаа врз автобусот што се обидуваше да се сврти, а младиот Фримпонг беше погоден во глава. Подоцна почина во болница, а според извештаите, моментално е единствената жртва на овој напад.

Фудбалската федерација на Гана (GFA) со длабок шок и тага ја прими веста за смртта на Доминик Фримпонг од ФК Беркем Челзи. Инцидентот се прошири моментално низ целата спортска јавност. Фудбалската федерација на Гана изразува најдлабоко сочувство на семејството на починатиот, неговите соиграчи, членовите на стручниот штаб, менаџментот и сите во клубот Беркем Челзи во овој тежок момент“, изјавија челниците на фудбалот во Гана, пренесува “Ројтерс”.