Удар за династијата Џејмс: Брони се враќа во развојната лига


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Брони Џејмс, играч на Лос Анџелес Лејкерс и син на Леброн Џејмс, е испратен во Саут Беј Лејкерс, развојната подружница на славната франшиза.

Одлуката доаѓа само неколку дена откако неговиот татко Леброн ја започна својата 23-та сезона во НБА лигата, со што стана рекордер по бројот на одиграни сезони во историјата. Брони, кој неодамна наполни 21 година, така се враќа во натпреварувањето кое му е добро познато од минатата сезона.

Брони дебитираше во НБА лигата на 22 октомври 2024 година во првиот натпревар на сезоната против Минесота Тимбервулвс. Играше само три минути, но и тоа беше доволно за да влезе во историјата заедно со својот татко како прв пар татко и син кој го дели паркетот на еден НБА натпревар.