Удинезе не сака да го пушти Несторовски во Сампдорија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Удинезе не планира да го продаде македонскиот напаѓач Илија Несторовски во Сампдорија, откако се повреди Жерар Делофеу.

Несторовски е на листата со желби на Сампдорија на шест месеци пред крај на неговиот договор, но Удинезе не планира да го продаде, иако не му дава ниту голема минутажа.

Причината за тоа е повредата на Делофеу затоа што тренерот на Удинезе сака да има резервно решение, а исто така од клубот порачаа дека нема никого да продадат пред лето.

Македонскиот напаѓач пристигна во Удинезе во 2019 година, откако Палермо банкротираше.