УЕФА ќе менува три правила во Лигата на шампиони!?


Ливерпул викендов може да ја освои титулата во Премиер лига ↓↓↓


Лига на шампионите е најсилното светско клупско фудбалско натпреварување. Европската фудбалска организација од оваа сезона воведе драстични промени во системот на натпреварување, и воведе формат со 36 екипи кои се натпреваруваат на единствена табела. Сепак, како што е најавено, се очекуваат нови промени кои може да бидат воведени веќе од следната сезона. За тоа ќе се одлучи по состанокот на 30 мај.

За да се намали заморот кај играчите, УЕФА би вовела изведување пенали откако во нокаут фазата по два натпревари завршат нерешено. Сега, по два натпревари, се игра дополнителни половина час. Со отфрлање на тие продолженија би се намалил напорот за играчите во веќе густиот распоред.

Екипите што ќе завршат на првите осум места во првата фаза од Лигата на шампионите ќе имаат значителна предност на домашен терен. Во осмина-финалето, четвртфиналето и полуфиналето ќе ја играат реванш-натпреварот дома. Досега тие имаа таа предност само во осмина-финалето.

УЕФА разгледува враќање на правилото за забрана на меѓусебни натпревари на клубовите од истите земји пред четвртфиналето. Главната причина се финансиите бидејќи меѓусебните двобои на клубовите од истите земји се помалку исплатливи поради гледачите и спонзорите.

Фото: Принтскрин