УЕФА ги објави највозбудливите натпревари од ЕП, Македонија во преден план!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Европската куќа на фудбалот (УЕФА) објави седум натпревари од групната фаза на Европското првенство (ЕП) за кои смета дека ќе бидат највозбудливи, а меѓу нив е и дуелот меѓу Македонија и Австрија.

Македонија на 13 јуни ќе го одигра првиот меч на ЕП во својата историја, и тоа против Австрија, а УЕФА смета дека тоа ќе биде еден од најинтересните дуели.

„Македонија беше во квалификациите заедно со Австрија пред да ги совлада Косово и Грузија во плејофот и да обезбеди прв настап на ЕП. Австрија ја победи Македонија двапати. Првата ѕвезда на Македонија е Горан Пандев, кој го даде голот за пласман на ЕП. Ќе има ли уште еден важен гол за ѕвездата?“, пишува УЕФА.