Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Европската фудбалска унија (УЕФА) ги демантираше шпекулациите на медиумите дека Светската здравствена организација (СЗО) испратила барање сите натпреварувања да запрат до крајот на 2021 година.
Италијанскиот медиум „Република“ објави дека СЗО испратил радикален предлог за запирање на фудбалот на 18 месеци, но портпаролот на УЕФА тврди дека тоа не е точно.
„Тоа не е точно. Таква препорака од СЗО никогаш не стигнала“, кажал портпаролот на УЕФА за светските медиуми и кажал дека целта е сите натпреварувања да завршат.
Да потсетиме, УЕФА во вторникот имаше состанок, на кој беа донесени нови одлуки за продолжување на фудбалските лиги, поместување на финалињата на Лигата на шампиони и Лига Европа, како и нови термини за баражот за Европското првенство.