Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
УЕФА секоја година традиционално го објавува најдобриот тим за претходната година, а така беше и овојпат.
УЕФА го објави идеалниот состав за 2019 година, кој предизвика многу бура поради Роналдо, а „Дејли Мејл“ тврди дека Португалецот воопшто не бил избран во најдобриот тим, туку местото го добил дополнително.
Традиционално УЕФА најдобриот тим го објавува во формацијата 4-3-3, а така требало да биде и годинава, но во последен момент била променета формацијата во 4-2-4.
„Дејли Мејл“ пишува дека во екипата место требало да добие Н’Голо Канте, но тој бил исфрлен токму поради Роналдо.
Канте со Челси минатата година ја освои Лига Европа и очигледно го заслужи неговото место во тимот, но УЕФА не можешен да дозволи во екипата да не биде Роналдо, кој не беше баш најдобар во минатата сезона.