УЕФА го украла концептот за новата Лига на шампиони?


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Лигата на шампиони од сезоната 2024/25 претрпе најголема реформа во форматот од 2003 година, која носи нова, поинтересна ера на натпреварување. Сегашниот систем со осум групи по четири екипи е заменет со единствена лига од 36 учесници, што е за четири тима повеќе отколку претходно.

Секоја екипа сега игра осум натпревари во лигата, односно против осум различни противници – четири натпревари дома и четири на гости. За разлика од досегашните средби со три противници по двапати, сега нема повторувања на средби против исти клубови.

Тимовите на почетокот се рангирани во четири групи, а секој клуб игра два натпревара (еден дома, еден на гости) со противниците од секоја група, што обезбедува разновидност и можност за средби со подобри и послаби противници. Осумте најдобри екипи во лигата директно се пласираат во осминафиналето, додека тимовите кои завршуваат на позиции од 9. до 24. ќе играат двојно елиминациски натпревари за пласман во осминафиналето.

Екипите што ќе завршат под 24. место испаѓаат од натпреварувањето и немаат право на дополнително натпреварување во Лига Европа. Вкупниот број натпревари значително се зголеми од досегашните 125 на 189 по сезона, што значи повеќе возбуда за навивачите и повисоки приходи од ТВ права и спонзорства.

Новиот формат овозможува порано големи дуели меѓу врвните клубови и осигурува дека секој натпревар има значење до крајот на лигашката фаза, бидејќи било која победа или пораз може значително да влијае на пласманот.

Меѓутоа, овој нов систем предизвика контроверзии поради обвинението на чилеанската консултантска компанија MatchVision против УЕФА. MatchVision тврди дека УЕФА го украле нивниот авторски заштитен концепт на математички алгоритми за лигата со 36 клубови, концепт кој основачот на компанијата Леандро Шара го заштитил уште во 2006 година, пишува The Athletic.