УЕФА ја претстави Македонија пред ЕП 2021


Холандија фаворит, Австрија и Турција во неизвесна битка! ↓↓↓


Македонската фудбалска репрезентација се пласираше на Европското првенство (ЕП) 2021 година откако славеше против Грузија со 1-0 во финалето на Лигата на нации.

Европската фудбалска унија (УЕФА) на нивната официјална страна ја престави Македонија и нашите најважни фудбалери за големиот настан, кој ќе се одржи летово.

УЕФА ги претстави Горан Пандев и Енис Барди како најважни фудбалери во екипата на Игор Ангеловски, кој е селектор со најдолг стаж на кормилото на репрезентацијата.

Голот на Пандев против Грузија во финалето беше избран за еден од најважните моменти во историјата на Македонија, а исто така се споменува и триумфот од 11-1 против Лихтенштајн во квалификациите во 1996 година.