Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Лигата на шампиони (ЛШ) оваа сезона направи големи промени и сите 36 тимови ќе играат по лигашки систем, а интересно е тоа што Европската куќа на фудбалот (УЕФА) реши да ја промени и химната.
На првите натпревари од последното прелиминарно коло во Лигата на шампионите, на стадионите на Јанг Бојс, Малме, Митјиланд и на привремениот Динамо Киев можеше да се слушне дека најпознатата фудбалска химна за прв пат е сменета откако беше промовирана во 1991 година.
Навивачите воопшто не се среќни поради промените кои ги направи УЕФА и порачаа дека „фудбалот е мртов“.