Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Европската куќа на фудбалот (УЕФА) следниот месец ќе ги открие имињата на тимовите кои ќе бидат казнети поради кршење на Финансискиот фер-плеј (ФФП).
„Тајмс“ објави дека меѓу тимовите кои ќе бидат казнети се ПСЖ, Барселона, Јувентус, Интер, Рома, Олимпик Марсеј и други.
За ПСЖ и Марсеј се очекуваат парични казни, додека Интер и Рома ќе добијат и рестрикции во преодните рокови.
Овие четири клубови веќе се договориле со УЕФА и прифатиле казни, па така нема да следи целосна суспензија за трансфери во следните два преодни рока.
Засега не е познато кои други тимови ќе бидат казнети од страна на УЕФА.