УЕФА направи промена: Македонија со 26 репрезентативци ќе оди на ЕП


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Македонија доби одлични вести пред стартот на Европското првенство (ЕП), откако Европската фудбалска унија (УЕФА) објави дека репрезентациите ќе можат да повикаат до 26 фудбалери, а исто така на натпреварите ќе се користат по пет замени.

Бројката од 23 фудбалери се зголеми за дополнителни три, па секој селектор ќе може да повика до 26 репрезентативци, а овој потег на УЕФА доаѓа по проблемите со пандемијата на ковид-19.

Македонскиот селектор Игор Ангеловски доби добра вест со ова и нема да има потреба да го крати списокот, туку ќе може да оди на ЕП со 26 фудбалери.

Исто така повеќе репрезентативци ќе добијат минутажа на натпреварите со оглед на фактот дека на секој меч ќе може да се користат по пет замени.