УЕФА почна постапка против Ал Келаифи и Леонардо!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид го растури ПСЖ во последните 30 минути од нивниот реванш во Шпанија во осминафиналето на Лига на шампиони (ЛШ), по што газдата и спортскиот директор на францускиот гигант, Насер Ал Келаифи и Леонардо, ги нападнаа судиите.

Претседателот на ПСЖ нападнал еден од судиите и му ја шутнал опремата, а потоа му се заканил на човекот кој го снимил тоа дека ќе го у*ие ако биде објавена снимката во јавност.

Ова однесување на газдата на парижаните нема да мине без казна, па денеска Европската куќа на фудбалот (УЕФА) соопшти дека е отворена постапка против Ал Келаифи и Леонардо, а во следниот период ќе биде познато дали ќе се соочат со казни и какви ќе бидат тие.