УЕФА „пресече“: Позната одлуката за тимовите од Суперлигата!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Европската фудбалска унија (УЕФА) имаше состанок на кој донесе конечна одлука за тимовите кои потпишаа за учество во Суперлигата и интересно е тоа што нема да биде казнет ниту еден клуб.

Шпански „АС“ објави дека 12 европски гиганти нема да добијат казни, иако сакаа да се одделат од УЕФА и да создадат свое затворено натпреварување, кое ќе им донесеше многу пари.

УЕФА се закани со дисквалификација од Лигата на шампиони (ЛШ), како и останати санкции кон тимовите, но тоа останаа само „празни“ зборови затоа што гигантите не добија казна.

Тоа значи дека Реал Мадрид останува во полуфинале на Лигата на шампиони, каде што ќе се соочи со Челси, односно еден од тимовите кои први се откажаа од учество во Суперлига.