Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Европската фудбалска унија (УЕФА) донесе уште една одлука, која ги разделува клубовите и селекциите.
Руските клубови и репрезентацијата нема да можат да играат против Косово во иднина, откако така реши одборот за итни прашања на УЕФА.
По проблемите во организацијата на мечот од женските селекции меѓу Русија и Косово во квалификациите за Европското првенство, УЕФА мораше да интервенира.
Првиот меч требаше да се одигра на четврти октомври, но беше одложен поради изборот на Косово, а сега е донесена одлука двата меча да се играат на неутрален терен во термини, кои дополнително ќе бидат одредени.
УЕФА претходно ги „раздели“ клубовите и репрезентацијата на Србија и БиХ од Косово, а Русија беше „разделена“ со Украина.